ЦИВИЛ - Центар за слобода, на 12 март во Менада во Скопје, со почеток во 12 часот, ќе додели награди на најуспешните граѓански новинарки и новинари од изминатите два месеци.
Наградените стории зборуваат за социјални проблеми, кршење на човековите права и слободи, злоупотреби и неправди, говор на омраза...
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да учествуваат во проектот #ГраѓанскиОбјектив, и да станат дел од големото семејство на граѓански новинарки и новинари ширум светот кои, со својот активизам го менуваат општеството.
Граѓански објектив е проект на ЦИВИЛ кој им отвора можност на граѓанките и граѓаните да ги објавуваат своите стории слободно и без цензура. Проектот е финансиран од National Endowment for Democracy.