Од сигурни извори се дознава дека Момир Маричиќ, обвинител во Вишото Јавно обвинителство во Скопје и татко на кандидатот за министер за правда доставил барање за пензионирање веднаш по објавување на името на неговиот син за кандидат за министер.
Исто така, сопругата на Бојан Маричиќ нема да биде повеќе шеф на кабинет на министерот за правда и во наредниот период преку мобилност во службата ќе биде префрлена во друга институција.