Струмичанки и струмичани вчера на Градскиот плоштад со почеток во 20:30 часот имаа можност преку видео-проекции, музика и разговор со тимот на ЦИВИЛ - Центар за слобода да се запознаат со граѓанското новинарство.
Промоцијата на проектот „Граѓански објектив“ на отворено, како и секогаш, привлече голем интерес кај граѓанките и граѓаните во Струмица, кои беа заинтересирани за начинот и можноста да бидат дел од големото семејство граѓански новинарки и новинари.
Со коментари и свој став за видео-прилозите на граѓанските новинари што ЦИВИЛ ги презентираше, понудија и теми што ги опфаќаат нивните секојдневни соочувања со проблемите на локално ниво.
Граѓанското новинарство, како нов и иновативен начин во борбата за слободата на информирање и известување на креативен начин ги поттикна струмичанки и струмичани да бидат активни чинители во општествените промени.
Тимот на ЦИВИЛ на јавниот настан беше достапен за сите прашања на присутните, а воедно можеа да се запознаат со условите за учество во наградните циклуси за граѓанско новинарство.
За повеќе содржини поврзани со проектот и активностите на граѓанските новинари, лајкнете ја Фејсбук страницата Citizen.Journalists.МК и посетете ја веб-страницатa www.clp.mk.
Проектот „Граѓански објектив“ е поддржан од National Endowment for Democracy
This post is also available in: Albanian