Пописот на население и домаќинства наместо да е статистичка операција таа се политизира и се злоупотребува за политички цели и влошување на меѓуетничките односи. Во ова издание на политичкиот видео магазин – СКЕН се поместени најважните настани и ставови поврзани со темата: Попис 2021, односно вистинската потреба и начинот на спроведување на пописот, наспроти манипулациите и политичките злоупотреби.
Собранието со 62 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“, го усвои Законот за попис на населението и домаќинствата на 21 јануари, според кој пописот ќе се одржи во април годинава. Расправата заврши на 15 јануари, кога немаше кворум за гласање. Од ВМРО-ДПМНЕ не беа во салата за гласањето, а во моментов собираат потписи од граѓаните за поништување на овој закон.
Законот за попис ќе се спроведе од 1 до 21 април, ќе се врши на јазикот што ќе го избере лицето кое се попишува или лицето кое ги дава податоците. Исто така, законот предвидува и глоба во износ од 200 до 300 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице ако одбие да ги даде податоците што се бараат од него за пописот или ако даде неточни податоци.
Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
This post is also available in: English