Симовски: Ги повикувам сите граѓани, особено Македонците да не ги слушаат хушкачите кои повикуваат на бојкот на пописот

Директорот на ДЗС, Апостол Симовски ги повика сите граѓани, особено пред сè Македонците да учествуваат на пописот и да не подлегнуваат на повиците за бојкот на пописот.

„Еве се подобруваат временските услови и пописот може да се спроведе на отворено, бидејќи не сакаме ниту граѓаните ниту попишувачите да се заразат. Ќе бидат припазени сите мерки за заштита од Ковид-19.

Хушкачите имаат за цел да и наштетат на државата, да пропадне во кал, а не да оди напред. Не им е грижа нив за здравјето на граѓаните. Пописот ќе се одржи, нема да се одложи. Деструктивните сили имаат цел да шират лажни вести, таквите центри за ширење на дезинформации не треба да се слушаат.

Тој истакна дека ќе ги пријават сите за кои имаат информации дека повикуваат на бојкот.

Ние не сме обвинителство и суд и не можеме да реагираме, но можат надлежните институции да поведат постапки против тие што повикуваат на бојкот. Но, нам не ни е целта да се казнуваат граѓаните, нам ни е цел да собереме податоци“.

Симовски нагласи дека ако имаме масовен бојкот ќе тонеме во калта се подлабоко.

„Ние сме единствена земја во светот што немаме 20 години попис. Ако целта е да потонеме што повеќе нека повелат нека бојкотираат.

Ако може да се вакцинираат сите попишувачи, би можело да се одложи пописот, но во моментот не размислуваме за одложување, бидејќи немаме вакцини. Во однос на заболени попишувачи никој не може да предвиди дали некој ќе се разболи додека трае пописот, затоа ние имаме резервни попишувачи“, рече Симовски.

Д.М.