НИЕ СМЕ МЕДИУМИТЕ!
Во публикацијата „Ние сме медиумите!“ ЦИВИЛ објавува искуства, извештаи и извонредни текстови на автори кои пишуваат за слободата на изразувањето, за трансформацијата на медиумите, за македонските состојби, за историјата на граѓанското новинарство...
Публикацијата можете да ја преземете тука.
Во публикацијата „Ние сме медиумите!“ ЦИВИЛ објавува искуства, извештаи и извонредни текстови на автори кои пишуваат за слободата на изразувањето, за трансформацијата на медиумите, за македонските состојби, за историјата на граѓанското новинарство...
Публикацијата можете да ја преземете тука.
НИЕ СМЕ МЕДИУМИТЕ VOL.2
Граѓански објектив е проект за транспарентни и одговорни политички процеси, преку поддршка и популаризација на граѓанското новинарство, јакнење на јавната свест, граѓанско образование и активизам на граѓанките и граѓаните за човекови права, слобода на изразување, демократија и слободни избори.
СИМНЕТЕ ЈА ПУБЛИКАЦИЈАТА ТУКА
Ова е проект кој обезбедува обука и можности за граѓаните да учествуваат, да набљудуваат и известуваат за настани кои им се важни ним, нивните локални заедници и процесите на локално и национално ниво. Овој проект прерасна во значајна алатка за
граѓаните да ги потсетуваат властите и функционерите за нивната обврска да бидат транспарентни и одговорни.
Зад ЦИВИЛ се две успешни години на имплементација на проектот Граѓански објектив. Извршена е обука на стотици активни граѓанки и граѓани од различни профили и од сите заедници во земјата (преку 500 досега) за граѓанско новинарство, човекови права, медиумска писменост, мониторинг, како и за вештини за известување. Методологиите и пристапот, тестирани во проектот
„Граѓански објектив“, исто така, се инкорпорирани и во други проекти на ЦИВИЛ.
ГРАЃАНСКИ ОБЈЕКТИВ: ПОВЕЌЕ ОД ПРОЕКТ - ГРАЃАН(К)ИТЕ УЧЕСТВУВААТ, НАБЉУДУВААТ, ИЗВЕСТУВААТ
ПУБЛИКАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ: ГРАЃАНСКИ ОБЈЕКТИВ - ПРОЕКТ ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ОДГОВОРНОСТА ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОЦЕСИ.
Пред вас е уште една публикација на проектот Граѓански објектив, посветен на промоцијата на транспарентноста и одговорноста во политичките процеси. ЦИВИЛ, со поддршка од National Endowment for Democracy, го започна овој проект во октомври 2015 година. Многу брзо, овој проект прерасна во нешто многу повеќе од проект. Тој стана дел од начинот на дејствување на организацијата, а секако стана важна компонента во процесите на креирање методологии и пристапи на организацијата во целост.
Едноставно, проектот Граѓански објектив ги надмина сите очекувања на тимот на ЦИВИЛ. Започнавме со промоција на граѓанското новинарство како иновативен и креативен, а истовремено едноставен начин за учество во промените во општеството и во улогата и функционирањето на медиумите.
Развивме широка и многубројна мрежа од активисти кои се запознаа со граѓанското новинарство – активизам и медиумска продукција ослободена од стеги, страв и цензура. Преку граѓанскиот активизам и технолошките придобивки граѓанките и граѓаните посочивме на можноста граѓанките и граѓаните секогаш да бидат први на „фронтот“ со точни, објективни и навремени информации.
Граѓанските новинарки и новинари се свесни и активни граѓанки и граѓани што сакаат да предизвикаат промени во своите заедници на локално и на национално ниво. Проектот го приближи граѓанското новинарство до секого што сака да учествува во демократските трансформации на општеството.
Граѓански објектив уште на самиот почеток прерасна во простор каде што, преку фотографии, видео, текстови и скриншотови се објавуваат прилози што ја претставуваат вистинската слика на нашето општество, онаква каква што мејнстрим медиумите не можат или не сакаат да ја доловат.
Вештините и знаењата да го имаат тој ефект во јавниот и медиумскиот дискурс беше дел токму од едукативниот материјал предаден на бројните семинари. И самиот тим на ЦИВИЛ научи многу во текот на имплементацијата на проектот и на сите активности на организацијата. На некој начин, овој проект се вброи во неколкуте најуспешни проекти на организацијата во текот на нејзиното 20 годишно постоење.
Во оваа публикација објавуваме избор од текстови што ги подготви тимот за имплементација на проектот, кои се однесуваат на различни компоненти и постигнувања на проектот. Како што кажавме на почетокот, а ќе го видите тоа и како наслов во оваа публикација, ова е многу повеќе од проект, затоа што, на самиот почеток на имплементацијата, ова стана простор во кој може да се каже дека проектот им припаѓа на сите заинтересирани граѓанки и граѓани што се подготвени да учествуваат во демократските промени во нашата земја. Сѐ што е потребно за учество во овој проект е добра волја и спремност да се бранат човековите права и слободи. Ова не е проект на ЦИВИЛ, ова е ТВОЈ ПРОЕКТ.
ПРОМЕНАТА Е ВО ВАШИТЕ РАЦЕ
ПРОМЕНАТА Е ВО ВАШИТЕ РАЦЕ ГРАЃАНСКИ ОБЈЕКТИВ - ПРОЕКТ ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ТРАНСПАРЕНТНОСТА И ОДГОВОРНОСТА ВО ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОЦЕСИ ГРАЃАН(К)ИТЕ УЧЕСТВУВААТ, НАБЉУДУВААТ, ИЗВЕСТУВААТ.
Во оваа публикација, тимот на ЦИВИЛ што го спроведува проектот „Граѓански објектив - промовирање на транспарентноста и одговорноста во политичките процеси“ направи избор од текстови релевантни на темите со кои се занимава проектот. Доминираат текстови за лажните вести и говорот на омразата, но транспарентноста и одговорноста во политичките процеси, секако, е директно или индиректно, континуирана, трансферзална тема во најголем дел од содржините што се продуцираат во проектот, па така и во оваа публикација.
Ова е своевиден зборник на различни текстови што можат да послужат како едукативна материја и поттик за луѓето што работат во организациите на граѓанското општество, медиумите, универзитетите, но и многу пошироко, за сите граѓанки и граѓани. Воедно, оваа публикација претставува и своевиден, скратен водич низ темите со кои се занимава ЦИВИЛ во текот на спроведувањето на проектот „Граѓански објектив“.
Воедно, ова е публикација што претставува своевидно продолжение на претходните три публикации со заеднички наслов „Ние сме медиумите“, кои ги публикуваше ЦИВИЛ од 2016 до 2018 година.
Во периоди на политички превирања, кога во јавната комуникација сè почесто се употребува говорот на омразата и лажните вести, граѓанските новинар(к)и се тие кои може да придонесат кон општествените заложби за демократска и аргументирана јавна дебата, кон разобличувањето на дезинформациите, лажните вести и говорот на омразата.
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да фотографираат, снимаат и да пишуваат извештаи за тоа што се случува во нивната средина, на работа, во соседството, во комуникациите, во контактот со институциите. Единствено со граѓанското учество и граѓанското известување од теренот, општеството ќе успее успешно да се справи со клиентелизмот и корупцијата. Граѓанското учество во секој сегмент од општествениот и политичкиот живот е вистинскиот избор за едно прогресивно интегрирано и одржливо општество, без предрасуди, без насилство, без злоупотреби и без корупција.
Промената е во вашите раце! - повикува ЦИВИЛ од самиот почеток на проектот во октомври 2015.
Активизмот и граѓанското новинарство, се меѓу најуспешните алатки со кои граѓанките и граѓаните имаат можност да бидат контролори на работата на државните и локалните функционери и институции и да вршат притисок тие да работат според законите, транспарентно и одговорно.
Како и повеќе пати порано, тимот на ЦИВИЛ, ќе ја искористи и оваа прилика, да ги повика читателките и читателите на оваа публикација да ги споделат овие содржини со своите пријателки и пријатели. Оваа публикација е од отворен карактер. Пишувајте нови страници во неа. Држете го вашиот објектив секогаш подготвен да ја улови и распространи вистината. Ние сме медиумите!
ЦИВИЛ Тим за комуникации