Како што најави претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, на веб страницата на ДКСК може да се најде Регистар на сите службени возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија или други правни лица што располагат со државен капитал.
Како што изјави Ивановска податоците ќе послужат и да се следи колку од нив се дадени на користење 24/7, за да направи едно разграничување. Како што беше најавено, таа база на податоци ќе биде достапна на граѓанскиот сектор кој, преку своите набљудувачи, ќе обезбеди информации дали се користеле за партиски цели, во изборна кампања или не.
ДКСК расоплага со податоци за 1578 службени возила, од оние на Министерството за внатрешни работи, до општините низ целата држава.
Б. Ј.