Во пресрет на работилницата за граѓанско новинарство на 19 јули во Скопје, ЦИВИЛ - Центар за слобода денеска кај пролазот Палета го промовираше проектот „Граѓански објектив“.
Сите заинтересирани граѓанки и граѓани на инфо штандот можеа да се информираат и за начинот на пријавување на работилницата. Тимот на ЦИВИЛ беше на располагање за сите подетални информации и прашања за работилницата, проектот и активностите на граѓанските новинарки и новинари.
Тимот на ЦИВИЛ ги потикна граѓанките и граѓаните активно да се вклучат во одлуките што можат да влијаат на општествените и политичите промени на локално и централно ниво, а во интерес на јавноста.
За потсетување, сите заинтересирани за работилницата можат да се пријават преку пополнување на онлајн формулар или преку електронската адреса [email protected], со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по 10 редови) во кои кандидат(к)ите накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на работилницата.
За дополнителни информации можат да се јават на 02/5209176, да напишат порака на [email protected] или на Фејсбук страницата Citizen.Journalists.
За повеќе содржини поврзани со проектот и активностите на граѓанските новинари, лајкнете ја Фејсбук страницата Citizen.Journalists.МК и посетете ја веб страницатa www.clp.mk.
Граѓанското новинарство е нов бран на медиумската слобода што го промовира објективното и нецензурарано информирање ширум светот користејќи ги технолошките придобивки допирајќи до јавноста преку интернет и социјалните мрежи побргу од традиционалните медиуми.
Проектот „Граѓански објектив“ е поддржан од National Endowment for Democracy.