Сѐ поизвесно е дека на претстојните претседателски избори ќе се бира меѓу тројца кадидати, а останатите петмина кои собираат потписи речиси и немаат шанси да ја официјализираат кандидатурата до сабота (9 март), кога истекува и рокот за давање на граѓанска поддршка за претендентите на претседателската функција во државата.
Прва се кандидира и собра потписи за поддршка, професорката Гордана Силјановска Давкова. По неа следеше професорот по меѓународно право, Блерим Река, поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА. Третиот познат кандидат е професорот Стево Пендаровски кој ја доби поддршката од 31 политичка партија на сите етнички заедници во земјата. Тој, најверојатно, ќе се кандидира за претседател на државата со поддршка од најмалку 30 пратеници.
М. И.