На Фејсбук страницата на Јован Кукузел на 1 јули е постирана фотографија, со опис „Она кога живееш за лајкови“.Освен тешките обвиненија што го носи овој пост со себе, за пратениците чии имиња се наоѓаат на фотографијата, има детали во сликата кои нѝ го привлекоа вниманието. Скриншотот дава впечаток дека е направен од апликацијата Инстаграм. Интерфејсот изгледа чудно, односно воопшто не наликува на официјалната апликација на Инстаграм.
Една од причините зошто тимот на ЦИВИЛ почека со објавувањето на оваа вест е за да утврдиме дали нашите двоумења се основани.
Затоа, за овој случај се консултиравме со нашиот ИТ тим, како и со други инфлуенсери на Инстаграм, кои се повеќе запознаени со ова.
Разговаравме со петнаесет различни познавачи на апликацијата и речиси од сите добивме различни објаснувања, но со ист заклучок. Никој нема сретнато апликација која што изгледа вака, така што голема е веројатноста дека станува збор за монтажа. Од нашиот тим добивме одговор дека можноста сликата да биде едитирана оди до 90 отсто.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ