Празни шатори протестираат пред Собрание

Додека трае расправата за уставните измени во Собранието на Република Македонија, надвор пред  Собранието неколку граѓани поставија шатори со што ја блокираат пола улица. Тие граѓани на тој начин го изразуваат своето незадоволство за Договорот од Преспа, известува анонимна граѓанска новинарка.

Но, очигледно празните шатори не ги убеди пратениците да не гласаат за уставните измени. Единствен ефект е тоа што предизвикуваат револт и нервоза кај граѓаните оти ја блокираат улицата и го отежнуваат сообраќајот.

Пред Собранието има повеќе полицајци отколку неколкумина демонстранти кои седат кај паркот Жена борец.

Д.М.