Денеска е последниот ден за аплицирање за краткорочни изборни набљудувачи на ЦИВИЛ. Крајниот рок за пријавување е 30 септември, до 17 часот. Од организацијата информираат дека е доволно да се аплицира само еднаш и дека сите што аплицирале, без исклучок, поединечно ќе бидат информирани дали нивната апликација е прифатена или не.
Постапката за селекција на апликациите ќе трае најдоцна до 3 октомври, а веднаш потоа ќе се одржат и семинари за обука, соодветно на ситуацијата со КОВИД-19.
Сите останати информации и линкови во врска со овој повик на ЦИВИЛ може да се најдат во текстот под наслов Во тек е повик за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ, објавени и одговори на новите прашања од набљудувачите.
This post is also available in: English