На булеварот „Гоце Делчев“ во Штип во петокот беше прегазен средношколец, кој, за жал, сè уште е во критична состојба.
Како што известува граѓанската новинарка Симона Живкова ова не е единствената сообраќајка што се случила на тоа место.
Во близина е средното училиште „Коле Нехтенин“, а учениците постојано ја поминуваат од другата страна на одморот за да купат јадење.
На вчерашниот протест родителите и децата, побараа соодветна сообраќајна заштита и безбедност. Она што порачаа беше поставување на соодветни сообраќајни знаци, засилени контроли, лежечки полицаец, а најголем дел од родителите сметаат дека треба да се направи мост над улицата за да можат децата безбедно да го поминуваат патот.
„Многу родители не излегоа на протестот од страв да не има политичка позадина. Мнозинството на протестот беа деца, чиј другар е во критична состојба. Сметам дека треба да го охрабриме ваквиот нивен активизам во време кога навистина треба да се испрати важна порака“, вели граѓанската новинарка Живкова. Таа во прилог ни испрати фотографии и видео од протестот.
Б. Јордановска
This post is also available in: English