Кандидатите за претседатели по денешното потпишување на Кодексот за фер и демократски избори во Државната изборна комисија, од утре официјално ја започнуваат изборната кампања.
Според најавите ниту оваа изборна кампања за претседателските избори, кај ниту еден кандидат нема да се разликува во начинот на спроведување. Од она што е познато, Стево Пендаровски ќе ја започне својата кампања со митинг во Прилеп, Гордана Силјановкса Давкова во Охрид, а Блерим Река првиот митинг ќе го одржи во Скопје.
Според Изборниот законик, кампањата ќе трае до 19 април, на полноќ, кога ќе започне и изборниот молк.
Претседателските избори ќе се одржат на 21 април, а вториот круг на 5 мај. Доколку не се постигне цензус од 40% во вториот круг, претседателот на Собранието треба веднаш да распише нови избори.