Лидерот на Партија за демократски просперитет на Ромите (ПДПР), Аксел Ахмедовски, ја сподели на Фејсбук објавата на претседателот на ОО ПДРП с. Црник, во која има фотографии од злоупотреба на деца за политички цели на (30 септември).
„Задоволство е кога млади,стручни,чесни кандидати а особено пак женски лица се охрабруваат да се вклучат во кандидатски листи за советници за да учествуваат во креирање на општествени политики како што е случајот со Сабина Јашарова. Целосен респект кон Сабина бидејки е прав избор за најдоброто на Општина Пехчево и посебно за с. Црник,како и кандидатот за Градоначалник, Славчо Пандурски“, пишува Ахмедовски.
Според Член 12 став 4 од Закон за заштита на децата:
„Се забранува злоупотреба на децата поради политичко и верско организирање и дејствување“.
ЦИВИЛ, како и досега, бара од партиите, но и од родителите да ги почитуваат правата на децата и да ги остават надвор од политиката! Децата и малолетниците никако не смее да се злоупотребуваат за политички цели и не смее да се вклучуваат во кампањите на политичките партии!