ЦИВИЛ организира панел дискусија „Говорот на омразата: Состојби и решенија“ утре (четврток), на 5 март, во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 12:30 часот. За состојбите, но и за решенијата на проблемите поврзани со деструктивниот потенцијал што го носи говорот на омразата, ќе говорат Снежана Трпевска, Институт РЕСИС, експертка за медиуми и медиумско право, Петрит Сарачини, активист, новинар и експерт за медиуми, и Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ Центар за поддршка. Модератор на панел дискусијата ќе биде Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.
Поканети се медиумите и сите заинтересирани граѓанки и граѓани, како и граѓанските организации, да споделат искуства и мислења во врска со оваа тема.
ЦИВИЛ како организација е позната по своите долгогодишна борба против говорот на омразата и другите форми на хибридните закани против демократијата.
Настанот е дел од проектот „Европа е наш дом“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
На настанот ќе му претходи прес конференција на ЦИВИЛ за наодите од долгорочниот мониторинг на изборниот процес, со почеток во 12 часот.
Организаторите напоменуваат дека пресот ќе започне точно на време.