Орданоски: Борбата против корупцијата нема да успее ако нема ефикасност на судството и обвинителство за организиран криминал

„Пред 20 години со Ѓунер Исмаил ја формиравме „Транспарентност Македонија“, и можам да истакнам дека за разлика од пред 20 години сега има значителен напредок во борбата со корупцијата. Сведоци сме дека во последните неколку години темата за борба со корупцијата се во голем напредок, бидејќи функционерите, почнувајќи од премиерот Заев се тркаат да критикуваат за корупција, истакна Сашо Орадноски, на конференцијата за човекови права, правда и антикорупција „Следна станица: Европа“, борба против корупцијата.

Тој нагласи дека порано не беше така. Како пример за борба против корупцијата го истакна лидерот на опозицијата Мицкоски кој добива иста минутажа во медиумскиот простор, колку што добива и Заев и други членови од власта.

„Во добра состојба се независните тела и невладините организации, ако ја гледате претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, колку зборува за корупцијата може да видиме дека нема никаков притисок и голем број од иницијативите добиваат некаква разрешница“.

Орданоски вели дека во 2020 година јавната свест е присутна и се зборува јавно за корупцијата. Нашата администрација е далеку од тоа да испорачува квалитетни услуги, а со тоа е поголема можноста за корупција. Треба целосна реформа на адмистрацијата.

„Во изминатите два три месеци додека вадев документи бев сведок како се вадат документи преку разни канали, некогаш и за кутија цигари побрзо се завршува некоја работа на шалтер“, потенцира тој.

Борбата против корупцијата нема да успее ако нема ефикасност на судството, обвинителство за организиран криминал кој тек сега почнува да функционира. Но, за да почнат да функционираат институциите кои се борат против корупцијата треба да има политичка волја, која во последните 2, 3 години гледаме дека оваа власт признава дека постои корупција и има цел да ја искорени. Власта преку министертвото со кое раководи Љупчо Николовски сака да покаже дека се бораи со корупцијата.

„Порано не смееше да го прашаш Груевски дали има средства во Белизе, за разлика од сега може да го прашаш Заев што сакаш и да добиеш одговор“, вели Орданоски.

Борбата против корупцијата има и обратна страна и таа цело време говори за популистички иницијативи, без разлика каква е перцепцијата во општеството. Ако прашате има ли корупција во судството, 95 отсто ќе кажат – да, а ако ги прашате дали имавте искуство со судството, ќе ти одговорат еден отсто дека имале искуство. Тоа е таа перцепција дека сите се корумпирани.

За мене и моето семејство на социјалните мрежи се се вртат лажни информации и измислици за некакви средстава, а немам начин како да ги демантирам или да ги тужам треба средстава и време и тие лаги постојано се рециклираат.

Таквите лаги и перцепции дека сите се корумпирани влијае на многу паметни луѓе да се држат далеку од јавниот живот за да не ги плукаат и да ги дискридитираат.

Д.М.