Граѓанската новинарка Хазизе Јонузи од Тетово, во Ромското Маало сними прилог со една жителка која сакаше да остане анонимна, со која разговара за манипулациите со неисполнетите ветувања и со притисоците врз ромските гласачи.
„Тие доаѓаат и нé земаат, нé носат, одиме, ги даваме нашите гласови, гласаме и... ништо – помош воопшто...
Граѓански новинар: Прават листи?
„Море, гласаме... Да, гласање, сé за нив, и ништо не ти даваат, ниту нивните гревови не ги даваат... Идат, идат за друга година, тие знаат, доаѓаат, тука ги земаат, одат... Доаѓаат со коли, нé земаат, идеме таму, гласаме и потоа – догледање...
[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=UGzdnbIdzU4[/youtube]
Соговорничката на граѓанската новинарка зборува и за тешката семејна ситуација и за борбата за егзистенција и обезбедување покрив над главата.
„Еве, види, овој ми е сирак, и овој е сирак, без мајка и без татко... Ете, со овие две деца спијам тука, децата на синот….Ама, не слушаат бе, душо, да видиш, да направиш нешто... Да слушнат, да ни помогнат, дадат некој стан, затоа што ова и не е моја куќа, без куќа сум... Не е ова моја куќа, ти кажувам како на ќерка, девет души живееме, шестмина - овие, со синот и невестата - девет души, зашто големиот син ми умре и ми ги остави овие две деца... Па, малку тука дува, еве, види, без врата, без прозорци ,не се затвора ова....Растурена куќа...“
Оваа содржина се објавува во рамките на четвртиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот „Граѓански објектив“ на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.