ЦИВИЛ организира работилница за уште десетина заинтересирани тетовчанки и тетовчани на 4 мај од 14 до 18 часот. ЦИВИЛ –Центар за слобода ги повикува граѓанките и граѓаните да продолжат со своето активно учество и влијание на политичките и општествените промени на локално и централно ниво.
По теоретскиот дел од обуката граѓанските новинари ќе имаат практична работа со снимање видео стории, фотографирање, правење анкети… по што следува евалуација на нивната работа.
Бројот учесници не е ограничен. Сите заинтересирани граѓанки и граѓани можат да се пријават преку пополнување на онлајн формулар или преку електронската адреса [email protected], со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по 10 редови) во кои кандидат(к)ите накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на семинарот.
За допонителни информации заинтересираните можат да се јават на 02/5209176, да напишат порака на [email protected] или на Фејсбук страницата Citizen.Journalists.
За повеќе содржини поврзани со проектот и активностите на граѓанските новинари, лајкнете ја Фејсбук страницата Citizen.Journalists.МК и посетете ја веб страницатa www.clp.mk.
Граѓанското новинарство е нов бран на медиумската слобода што го промовира објективното и нецензурарано информирање ширум светот користејќи ги технолошките придобивки допирајќи до јавноста преку интернет и социјалните мрежи побргу од традиционалните медиуми.
Проектот „Граѓански објектив“ е поддржан од National Endowment for Democracy.