На 10 мај (сабота), во Кавадарци, ЦИВИЛ – Центар за слобода организира работилница за граѓанско новинарство на која ќе учествуваат десетина заинтересирани граѓанки и граѓани, .
Големиот интерес за граѓанското новинарство е дополнителен поттик за тимот на ЦИВИЛ за едукација на што поголем број граѓански новинарки и новинари, кои ќе бидат дел од големото семејство на активни граѓани што позитивно ќе влијаат врз политичките и општествените промени на локално и централно ниво.
По теоретскиот дел од обуката, граѓанските новинари во Кавадарци ќе имаат и практична работа со снимање видео стории, со фотографирање, со правење анкети…, по што ќе следува евалуација на нивната работа.
За повеќе содржини поврзани со проектот и активностите на граѓанските новинари, лајкнете ја Фејсбук страницата Citizen.Journalists.МК и посетете ја веб страницатa www.clp.mk.
Граѓанското новинарство е нов бран на медиумската слобода што го промовира објективното и нецензурарано информирање ширум светот, користејќи ги технолошките придобивки и допирајќи до јавноста преку интернет и социјалните мрежи, побргу од традиционалните медиуми.
Проектот „Граѓански објектив“ е поддржан од National Endowment for Democracy.
This post is also available in: English