Некреативни агитатори повикуваат на креативност

Твитерџиите најдоа ново смс мобилизирање по социјалните мрежи, овојпат упатство за навреди кон Стево Пендаровски, опонентот на професорката Гордана Силјановска Давкова.

„По дебата, ангажирај ги сите да се активираат на Твитер и Фејсбук, и тие што имаат дупли профили, да пишуваат против Стево стоката, како го изел немиен од професорката и бидете малку креативни, не пишувајте исти статуси да не изгледаме смешни. Поздрав“, порака пратен од еден член кон друг, најверојатно од ВМРО-ДПМНЕ, по одговорот „Ок, ќе пренесам“, стигнува уште еднаш истата порака, на кој се добива одговор: „Мене веќе еднаш ми пиша!“

Како коментар, може да им се посочи како што им посочила и твитерџиката што ја објавила оваа комуникација: Бидете кретивни!

Ама, на крајот, најверојатно за нив важи дека повторувањето е мајка на (не)знаењето.