Насилничко и недолично однесување на воспитувачка во градинката „Детска радост“ забележа граѓанската новинарка Јулијана Ортаковска.
„Ова се случува зад грбот на родителите од многу „искусните“ вработени во градинката во Гевгелија. Плачењето траеше два саата, а таа (воспитувачката) наместо да ги смири им се обраќаше со погрдни зборови...“, напиша граѓанската новинарка.