За сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига, МВР ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.
Премиерот Заев, вице-премиерот Николовски и министерот Филипче ќе треба да платат по 50 евра во денарска противредност, за сторен сообраќаен прекршок.
Ова е прв случај од осамостојувањето каде високи државни функционери се соочуваат со казни заради сообраќајни прекршоци.