Во дел од интервјуто на Мицкоски за Телма, новинарот Боби Христов, како дел од прашање цитираше негова изјава, но Мицкоски се обиде да го исправи, тврдејќи дека не е правилно цитиран. Но, новинарот побара од режијата да се пушти изјавата. Мицкоски и овојпат остана – со „кратки нозе“.
Погледнете ја оваа ситуација.
Мицкоски и овој пат остана – со „кратки нозе“. Но она што е поважна лекција од оваа ситуација е добрата подготовка на новинарот за интервјуто, која е главна заштита и за новинарите и за публиката од обидите на политичарите да изнесат невистини или да манипулираат. За жал ова ретко се случува во нашите медиуми, а би требало да е – професионален стандард.
Автор и водител: Петрит Сарачини
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Стручен соработник на сценарио: Жарко Трајаноски
Соработка на содржините: Мониторинг тим на Цивил