ЦИВИЛ ги повикува своите набљудувачи и сите граѓанки и граѓани да пријавуваат изборни нерегуларности, вклучувајќи и кршење на изборниот молк, кој настапува на полноќ меѓу петок и сабота (29/30 октомври).
Изборните нерегуларности како што се притисоци, поткуп, злоупотреби, проблеми со Избирачкиот список, кршење на изборниот молк, говор на омраза, односно сѐ што граѓанките и граѓаните сметаат дека не е во согласност со нивното сфаќање за слободни, фер и демократски избори, можат да го пријават во ЦИВИЛ.
Адреси и контакти
Пријавите може да поднесуваат на веб страницата slobodniizbori.info или во Граѓанската пријава која лесно се наоѓа и со клик на банерот Стоп за лажните вести и говорот на омразата на интернет порталот civilmedia.mk.
Исто така, може да се пријавуваат нерегуларности по електронска пошта ([email protected]), во порака на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ или на телефоните: 02 / 5209 176 (в недела, од 7 наутро) и 070 699 580 (сабота, 30 октомври, од 12:30 часот напладне).
Јавна благодарност
Во Изборен рапорт #28, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, изрази јавна благодарност за беспрекорната и посветена работа на сите набљудувачи кои се вклучени во изборниот мониторинг.
Исто така, јавна благодарност им беше изразена и на сите граѓанки и граѓани од целата земја за искажаната доверба и поддршка на организацијата.