Изборните процеси во земјата во последните 18 години секогаш се мониторирани и од Мисијата за набљудување на ОБСЕ/ОДИХР, по покана на Министерството за надворешни работи на нашата држава. Колку Северна Македонија е спремна за овој изборне процес, кои се препораките на ОДИХР, како ќе се набљудува самиот процес и колку е важно набљудувањето на маеѓународните органзиации за време на изборите, ни одговори Н.Е. Карин Јонкер, шефица на Мисијата на ОДИХР во Северна Македонија.
ЦИВИЛ МЕДИА: Дали Северна Македонија ги исполни препораките на ОДИХР од претходните изборни процеси? Кои се главните предизвици на нашата земја пред претседателските избори?
ЈОНКЕР: Ви благодарам за прашањето. Можеби на почетокот ќе ми дозволите да објаснам што всушност мисијата на ОДИХР за набљудување прави во една држава.
Пристигнавме пред три недели, на покана од Министерството за надворешни работи. Ова е осумнаесеттото изборно набљудуваље во земјата, и се спроведува бидејќи Северна Македонија е член на ОБСЕ и со тоа тие се согласија да ја поканат нашата организација да ги надгледува нивните избори доколку се организирани според меѓународните стандарди за демократски избори. И, се разбира, исто така го набљудуваме и националното законодавство, за да видиме дали иѕборите се организирани според државното законотавство. Кога станува збор за препораки, се уште е рано за тоа. Како што спомнав, ние пристигнавме во земјата пред три недели и на крајот од набљудувањето ќе бидеме во можност да се навратиме на претходните препораки и тогаш, преку нашите извештаи ќе прикажеме дали навистина се имплементирани препораките и ќе имаме други препораки за земјата. Но, за сега, прерано е да ви одговориме директно на вашето прашање.
ЦИВИЛ МЕДИА: Колку е важно набљудувањето на изборите? Што треба да знаеме за набљудување на изборите?
ЈОНКЕР: Мислам дека изборното набљудување е важно. Како што напоменав, земјата се зазема да ја покани нашата организација за да ги набљудуваме изборите. Исто така, на терен имаме основен тим на аналитичари. Имаме средби со заинтересираните страни, но исто така нашите долгорочни набљудувачи на терен разговараат со заинтересираните страни за изборите во кругот на нивното набљудување. И, тоа што тие ни обзнанија е дека за нив е од посебна важност да имаат набљудувачка мисија во земјата. Да се забележи напредокот на земјата во врска со демократски избори и за понатамошни препораки. Знаете, треба да се знае што да се набљудува и што да биде приоритет, за да се подобрат уште повеќе изборите.
Основниот тим стациониран во Скопје започна со работа пред три недели и нашите долгорочни набљудувачи почнаа со работа пред две недели пред брифирањето тука во главниот град, а на дневна основа добиваме информации од регионот и им даваме онформации од Скопје. Пред самите избори ќе имаме 250 краткорочни набљудувачи. Тие ќе бидат задолжени за набљудување, од една страна предизборниот молк пред изборниот ден, но и да го набљудуваат изборниот процес, гласањето, пребројувањето на гласачките ливчиња и сумирањето. Така што, изборната набљудувачка мисија на ОДИХР ќе ко набљудува предизборието, изборниот процес и секако, во случај на втор круг, ќе останеме во земјата и ќе имаме прелиминарни сознанија и заклучоци коишто ќе ги преѕентираме по завршувањето на процесот.
ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се вашите пораки и препораки за носителите на одлуки и засегнатите страни пред претседателските избори во Северна Македонија?
ЈОНКЕР: Пак ќе кажам, прерано е да се збори за тоа, бидејќи ако зборуваме, тоа би било вмешување/интервенција во процесот, а нашиот мандат не е да советуваме и интервенираме, туку да набљудуваме. Така што, организацијата на изборите е за надлежните институции. Тоа е нивна одговорност. Ние набљудуваме, и по изборниот ден, ќе ги презентираме нашите податоци и сознанија на прес конференција. Потоа, по два или три месеци, ќе објавиме завршен извештај, во којшто исто така ќе има препораки за следни избори.
Ќе имаме привремен извештај којшто ќе го објавиме на 5 април. Но тоа ќе биде повеќе описен извештај. Доколку има нерегуларности, тогаш и тоа ќе биде вклучено во нашите сознанија и заклучоци коишто ќе бидат објавени на 22 април, ден по изборите, и потоа, на денот по вториот изборен ден.
Дијана Тахири
Камера: Дехран Муратов
Монтажа и фотографија: Биљана Јордановска