ИЗБОРЕН РАПОРТ #25 со најнови информации и анализи, утре во 12 часот

ЦИВИЛ ќе сподели нови податоци и анализи од мониторингот на изборите во 25-то издание на ИЗБОРЕН РАПОРТ утре, четврток, 21 октомври, со почеток во 12 часот. Преносот ќе се одржи од вообичаената локација, прес студиото на ЦИВИ во бизнис центарот „Палома Бјанка“, на 3. кат.

Најмногу три новинарски екипи, со претходна најава на мејлот [email protected] ќе бидат прифатени со физичко присуство. Другите заинтересирани можат да побараат линк од Зум на истиот мејл или по телефон 070 699 580.

Преземањето на видео преносот и сите текстуални содржини поврзани со изборите, објавени на civilmedia.mk (македонски), drejt.mk (албански) и civil.today (англиски) е дозволено целосно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (линк до изворот).


Пренос во живо:
YouTube: https://www.youtube.com/c/CivilMacedonia
Facebook: https://www.facebook.com/civil.mk