Истакнати учесници и говорници на Регионалната конференција за нападите врз демократијата и човековите права во Западен Балкан утре во Скопје

Утре (среда, 28 јули 2021) во Скопје, со почеток во 11 часот во хотел Парк Резиденс & Спа во Скопје и преку видео – врска, Во организација на ЦИВИЛ и Балкан Форум, се одржува регионална конференција која донесува истакнати стручњаци, активисти за човекови права и претставници на граѓанското општество од Европа и регионот.

„Напади врз демократијата и човековите права: Граѓанските организации во поддршка на општествата од Западен Балкан кои се соочуваат со дезинформации, говор на омраза и хибридни напади“, на две тематски прашања: Како дезинформациите го нарушуваат јавниот дискурс и охрабруваат радикално навредлива реторика и говор на омраза? И: Како хибридните напади го искривуваат јавниот дискурс и ги загрозуваат демократиите.

Меѓу учесниците и говорниците на двата панели на конференцијата се Марион Краске, проф-д-р Снежана Трпевска, д-р Волфганг Розман, Амина  Шурковиќ, Ненад Шебек, Абит Хоџа, Тијана Цвјетичанин,  Амина Шемсовиќ, Ерјон Цурај, Бојан Кордалов, Мерсиха Смаиловиќ, Владимир Георгиевски и други претставници на медиумите и граѓанското општество.

Тие ќе ги понудат своите знаења, ставови и искуства на европско, регионално и национално ниво за најчестите видови и извори на дезинформации, говор на омраза и хибридни напади; за тоа како институциите и општествата се справуваат со овие прашања / феномени и, кои се најдобрите практики кои се докажани како успешни во справувањето со овие феномени.

Регионалната конференција, организирана од ЦИВИЛ во соработка со Балканскиот форум и членките на Платформата за граѓанско општество за демократија и човекови права (ПГО), е прва во серијата настани што ќе ги организираат членките на ПГО до декември 2021 година.

Работен јазик на настанот е англиски. Настанот ќе се емитува преку Интернет преку онлајн платформите на ЦИВИЛ, на Фејсбук страницата и на Јутуб каналот, додека медиумските содржини ќе бидат преведени од ЦИВИЛ и Балканскиот форум и титлувани на јазиците што се зборуваат во нашиот регион. Редакциите се поканети да присуствуваат физички или онлајн.