Гласањето во подрачно училиште „Рамни Габер“ на избирачкото место 2344, во општина Студеничани не е почнато, бидејќи одговорното лице кое требало да ја отклучи просторијата каде треба да се гласа, одбивало да ја отклучи вратата.
ДИК соопшти дека на избирачкото место 2344, во неселеното место Рамни Габер воопшто нема да има гласање. Според информациите гласчакото место е затворен во 10 часот.
„Додека не го добиеме официјалниот записник од Избирачкиот одбор, не можеме да дадеме никаква информација за причините на неговото затворање. Гласачите нема да гласаат денеска. Доколку на крајниот резултат од изборите влијаат овие гласови, тогаш ќе се одлучува кога овие граѓани ќе гласаат. Се работи за околу 60 гласачи“, изјави Љупка Гугучевска, ДИК, за ЦИВИЛ Медиа.
Останува да се види како ќе се развива ситуацијата и кој ќе ја преземе одговорноста.
ЦИВИЛ Тим за комуникации