Секој ден неколку лица кои се сместени во домот Чичино село во Скопје, го користат јавниот градски превоз и за да се стоплат и одморат, известува граѓанскиот новинар Вулнет Махмути.
„Околу 8 часот наутро, пет малолетни деца се качија во автобусот со број 56. Патниците гласно реагираа и коментираа 'кога државата ќе го среди проблемот со бездомниците и ќе им овозможи соодветни услови за живот'“, вели Махмути.