Своја видео верзија доби и едукативниот прирачник за членовите на општиниските изборни комисии и на изборните одбори.
Прирачникот за едукација од 166 страници, Државната изборна комисија го сумираше во 37 минутни видеа на македонски и албански јазик каде се извлечени главните поенти и насоки потребни на членовите на ОИК и избирачките одбори во нивното спорведување на претседателските избори.
Целта на прирачникот е да помогне кон законско, стручно и квалитетно исполнување на сите активности во рамки на Изборниот законик.
Уште на самиот почеток ДИк предупредува доколку не се почитуваат пропишаните процедури предвидени се и соодветни санкции – мерка отстранување од избирачките органи, парични казни и казни затвор за потешки дела против изборите.
Она што треба да го запомнат членовите на избирачките одбри е да ја почитуваат докрај потпишаната изјава за обезбедување тајност на гласањето и заштита на личните податоци.