Ниту смртта на младиот пулмолог Трајче Нешковски не ги одмина експлицитните коментари, полни со говор на омраза. Додека пријателите, пациентите и сопартијците за последен пат се поздравуваа со својот другар на социјалните мрежи, откако вчера младиот живот згасна по сообраќајна несреќа, пристигнаа и крајно нечувствителни коментари како „еден комуњар помалку“, „на сите од СДСМ им го посакувам тоа“, „пијан бил“, „не е од нашата земја“…, објави Фронтлајн.мк.
Во најтешките моменти по згаснат живот, злобните коментари ја зголемуваат и онака преголемата болка на семејството и најблиските, а уште потешко е да се читаат вакви небулози затоа што младиот Нешковски зад себе остави двегодишна ќеркичка.
Во текот на вчерашниот ден, речиси сите сопартијци во неверување се простуваа со својот пријател на Фејсбук и Твитер, меѓу премиерот, повеќе министри, како и министерот Филипче кој напиша дека е секогаш ќе биде горд на Нешковски.
И.З.
Извор: Frontline.mk