Дупка на патот, гајба како сообраќаен знак!

На улицата „Борко Талев“ во Штип, по врнежите се појави огромна дупка среде патот. Пред дупката има поставено гајба од пивски шишиња, која служи за предупредување на возачите.

Граѓанскиот новинар, Горанчо Ангелов вели дека патот е асфалтиран лани во јули, од екс-градоначалникот, Илчо Захариев, како што вели „во функција на популизам, а не во интерес на граѓаните.

„Не е важно нешто само да се гради, (притоа да се оправдува неквалитетното работење на претходниот градоначалник), туку треба да се почитуваат некои стандарди, за да може направеното  да го користат идните генерации. Не треба да се прави нешто кое ќе трае една или две години, а притоа да се трошат парите од џебот на граѓаните“, додава Ангелов.

Тој претпоставува дека новиот асфалт нема да издржи оваа зима.

This post is also available in: English