Државната комисија за спречување корупција согласно законските одредби со новиот Закон за спречување корупција и судир на интереси соопшти дека во престојниот период, во контекст на претседателските избори, нема да дава мислења по доставени барања за мислење поврзани со начинот на постапување на министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторните тела, трговски друштва основани од државата и други институции основани од државата.
„Државната комисија за спречување на корупцијата повторно ги известува сите горе наведени институции дека нема да се произнесува со свое мислење на поединечни доставени барања за мислење и воедно ги повикува институциите да ги почитуваат забраните утврдени во Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси“, соопштија од ДКСК.
ДКСК во случаите на основи за сомневање дека се прекршува законот ќе презема мерки за утврдување на таквите сомневања, ќе ги извести надлежните органи и ќе бара преземање активности во рамките на нивното надлежно постапување.