Град Скопје во соработка со Општина Чаир пред извесен период ги отстранија дивите продавачи на Бит-Пазар, односно ги тргнаа од пошачката патека на „26 јули“. Но, проблемот со дивите продавачи не е решен, особено во вторник и петок, тие продаваат пред Поликлиниката Бит-Пазар, пишува анонимен граѓански новинар.
„Проблемот само го дислоцираа. Секој вторник и петок кога има бесплатен превоз за пензионерите, пешачката патека пред Поликлиниката на Бит-Пазар се претвара во импровизиран пазар. Пензионерите продаваат овошје, зеленчук, цвеќиња, природни сокови...“, додава граѓанскиот новинар.
Дали Градот ќе им обезбеди локација каде што ќе може да ги продаваат своите производи, бидејќи колку и да ги бркаат или казнуваат, тие сепак ќе пронајдат начин и место каде да продаваат? Најчесто тоа го прават колку за да заработат некој денар за подобар живот.