Притисоците и злоупотребата на малолетниците не престанува. Во контекст на секојдневните протести „За заедничка Македонија“, од повеќе средни училишта во Македонија пристигнуваа информации за присилување на учениците да учествуваат на протестите.Граѓански новинар ни испрати видео од Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, во кое се гледа како директорот на училиштетот ги убедува средношколците да излезат на протести.
Во еден момент неговиот говор за оправданоста и потребата од активирање на средношколците се прекинува со коментар на една ученичка: „Директоре, срамота е во една образовна иституција вие да ни држите политики говори“.
„Бидејќи имам поминато 4 години во оваа гимназија, еве еден пример што прави директорот на гимназијата. Целиот текст што е пишан од мојот другар е вистинит. Човекот е професор по историја и можете да замислите каква пропаганда и перење на мозокот се случува(ше) уште од прва година средно“, изјави граѓанскиот новинар кој сакаше да остане анонимен.
Граѓанските новинарки и новинари постојано известуваат за злоупотребите на институциите, а преку нив и злоупотреба на малолетниците.
Како за потсетување, дел од наградените стории во проектот „Граѓански објектив“, посебно во изборниот период минатата година, беа за злоупотребата на децата за политички и партиски цели.