Државната изборна комисија на денешната седница одлучуваше за избирачки места со помалку од 10 гласачи, како и за изгледот на гласачкото ливче.
Според одлуката на ДИК, во 82 избирачки места со помалку од 10 гласачи нема да се гласа. Тие гласачи ќе бидат распоредени во најбилското избирачко место, а за тоа ќе бидат известени и самите гласачи.
ДИК одлучуваше и за изгледот на гласачкото ливче. Излгедот на гласачкото ливче ќе биде ист како и на претходните претседателски избори, односно државното знаме, редниот број и името на претседателскиот кандидат заедно со симболот на партијата што го поддржува.
Како што известија од ДИК, Стево Педндаровски се согласил за користење на логото на СДСМ, Гордана Силјановска Давкова на ВМРО -ДПМНЕ, а за Блерим Река ќе има три логоа, две на партиите што го поддржуваат, Беа и Алијанса за Албаниците и едно, посебно, негово лого.
ДИК нема забелешки за првите 7 дена од изборната кампања. За забелешката на ОБСЕ за дискриминација на социјалните мрежи, Деркоски изјави дека во временскиот период на кој се и однесуваат забелешките, кандидатите за претседатели сè уште не ја доставиле својата кандидатура.
Според, претседателот на ДИК, социјалните мрежи тешко дека може некој да ги контролира, а тие постојано упатуваат апел за воздржување и водење на на фер и коректна кампања.
ЦИВИЛ – Центар за слобода поднесе приговор до ДИК за предвремена изборна кампања случајот со претседателската кандидатка Гордана Силјановска – Давкова и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кои на ден 25.03.2019 година одржаа организиран јавен настан во Штип на кој е претставена учесничката во изборната кампања, што претставува предвремено започнување на изборната кампања, спротивно на Изборниот законик.
Од ДИК уште нема никаков одговор.