Дерала: Разликите меѓу луѓето се како брегови на нови континенти чии убавини треба да ги откриваме

„Низ лични примери и животни искуства, научив дека не постојат граници и разлики меѓу луѓето, туку само можности за збогатување. Секој од нас, длабоко во себе, носи една голема и топла човечка насмевка и радост на постоењето. Топлината и човечноста е иста кај сите. Само треба да ја откриеме“, истакна Џабир Дерала во Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“.

ЅИДОВИТЕ СЕ ВРАТИ КОН НЕПОЗНАТОТО

За мене ѕидовите се врати кон непознатото. Ако незнаењето е ѕид, тогаш знаењето е порта кон убавината. Убавината на постоењето, убавината на тоа да се биде човек.

Разликите меѓу луѓето се како брегови на континенти чии убавини сè уште не сме ги откриле. Затоа, треба да запловиме и да ги откриваме тие нови континенти. Секој човек е нов, убав континент, кој може да го запознаеме, во кој можеме да живееме, да се населиме и тој да се насели во нас.

ПОДОБАР СВЕТ ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Со секој чекор што го минуваме едни кон други, градиме еден нов свет, посреќен и поубав за сите.

Со почитувањето на различностите кај луѓето и заедниците, секој ден го правиме овој свет подобар и поубав за идните генерации.

Секој ден имаме шанса да направиме нешто добро. Секој ден имаме шанса да промениме нешто во светот.

Направи разлика. Почитувај ги различностите.

камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски

 

This post is also available in: English