Кандидатите за претседателна државата треба да ги достават своите кандидатури до Државната изборна комисија најдоцна до четврток на полноќ.
Својата кандидатура со собрани потписи вчера ја достави независниот кандидат Блерим Река, поддржан од опозициските партии Алијанса за Албанците и Беса. Кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска – Давкова се уште не ги поднеле своите кандидатури.
Во рок од 48 часа од доставувањето на кандидатурите, ДИК треба да ги потврди истите. Во случај на неправилности, кандидатурата се враќа и во рок од 48 часа неправилностите треба да се отстранат.
Официјалната претседателска кампања почнува од 1 април, и ќе трае до 19 април на полноќ, по што следува изборен молк. Првиот изборен круг за шестите претседателски избори ќе се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај. Редниот број на кандидатите ќе бидат утврдени со ждрепка.
Д. Т.