Апасиев од Левица шири дезинформации и лажна вест дека Могерини не го поздрави премиерот Заев

Разоткриена уште една манипулација, дезинформација и лага на дел од медиумите кои ја пренесоа лажната вест на лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, дека наводно шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, ладнокрвно го одминува премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

„Зоки бе друже, мене незгодно ми падна. Сиромашкиот, таков сиот со блажена насмевка, прописно беше изигнориран од “шефицата”. Ова е доволен знак дека си пуштен низ вода, али “кој да ти каже Ивана”, пишува Апасиев на својот Фејсбук профил.

13то ?

Gepostet von Ремет МК am Mittwoch, 30. Oktober 2019

 

Но, на лагата кратки и се нозете. Могерини се поздрави со премиерот Заев и со сите лидери од Западен Балкан.

Интересно е тоа што лидер на партија, кој претендира некогаш да ја води државата, користи евтини монтажи кои брзо се разоткриваат. Малку е тажно што со ваква „досетки“ ја потценува интелегенцијата на неговите следбеници и подржувачи.

Д.М.