Актерот Тасевски со потпалувачки говор кон Албанците

Актерот Сашо Тасевски, вчера во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, се осврна на Рамковниот договор за кој вели дека е ништовен, бидејќи според него, Албанците се под 20 посто во нашата држава, и затоа постојано се минира пописот, за да „не се преброиме“. На овој став на Тасевски му реплицирал новинарот Зоран Ивановски, кој го праша – „Еве и да се направи попис, и да испадне дека Албанците се под 20 посто, што треба да направиме, војна ли ќе направиме, ќе направиме ли нов Устав?

Тасевски му одговори на Иванов со контра прашање – „А до кога ќе ја тераме вака, Македонците постепено ќе станат граѓани од втор ред?

Тасевски меѓу останато нагласи дека Македонците немаат чувство на идентитет, на сплотеност, за разлика од Албанците кои може да бидат и муслимани и христијани, но нив албанството ги сплотува.

„Тие единствено може да се тепаат за некои траси, бизниси или за дрога…, но кога се зборува за албанството тие се сплотуваат. Мои колеги актери Албанци веќе имаат претстави во Косово, Македонија и Албанија, се сплотуваат“, рече тој.

Актерот Тасевски, во текот на емисијата постојано нагласуваше дека етничките заедници кои живеат во Република Северна Македонија, особено Албанците, не треба да се бунат бидејќи Македонците им даваа(т) работа и сите права…

Д.М.