Комуналното претпријатие од Охрид исфрла кучиња на депонија!

Ситуација депонија Буково, ден 07.06.2017, час 17. Она што стравуваме, дека кучиња се заловени од комуналната служба и дислоцирани, се покажа вистина. Душиве ги снема преку ноќ, откако се вртеа на плоштад (во оваа објава слики од тој период https://m.facebook.com/story.php…). Дошле петокот во ниедно време со бело комбе и истурале чиниш отпад, а не живот. Која грозоморност, со наши пари плаќаме грозоморности вакви да прават, да наредуваат грозоморија, ужас!

 
Оваа црната е бремена, пред пораѓање, мајкичка треба да е, а ко партал непотребен ја исфрлиле. Оваа шаренката со пари од проект од општината Анималиа ја стерилизира и ја врати на место на заловување (раната од операцијата сеуште се познава). Она црното со бело требаше да го згрижиме и да го токмиме в Холандија да го вдомат откако странци покажаа интерес, со денови се изнабаравме поџабе низ град, за да лица од институцијата ЈП Комуналец еве вака го исфрлат и него. Преплашени ги затекнавме, нејадени со денови со оглед што тука има кучиња од порано што терен си чуваат и над храната што во отпад ќе ја најдат доминираат. Ова е рамно на обид за убиство! На последните слики пред самиот влез на депонијата прегазено кутре, ете како ненавикнати на таква средина и исплашени под кола завршуваат лесно, но и причина за нечиј изгубен човечки живот во сообраќајќа може да бидат.


Ова е крајно незаконито и нечовечно, и ако некој од одговорните не сноси санкции за ова грозоморие, само ќе се испрати лоша порака за градот и граѓаните.

Ветеринарните инспектори си молчат, еве ние вака граѓаниве треба и тоа нивното да го сработуваме, да истражуваме, да контролираме, оти грам човечност не остана во оние шо на клучни позиции запоседнаа и пример што требаше да ни бидат. Еве каков пример тоа ни се.
Апелирам, лицата од ЈП Комуналец да не ми вртат на телефон и да ми објаснуваат како што минати пати тоа чинеле после секоја основана критика кон нив упатена. Тоа што в лице ме лажеле и мене и другите активисти, тоа говори за ничкосаноста на нивната душа, од која душа таква трпат и кученцава сироти. Од денес, освен по институционален пат, поинаку муабет не чинам со нив. И со доказен материјал еве се виде нивното право лице. Се гледаме на суд!

Климент Арнаудов

This post is also available in: English