ЦИВИЛ утре спроведува обука и доделува награди за граѓанско новинарство

ЦИВИЛ утре ќе спроведе обука и ќе додели пет награди за граѓанско новинарство во хотел Сити Парк, Скопје.

Со почеток во 10:30 часот, ќе започне обука за граѓанско новинарство за кандидатите чии апликации се прифатени од комисијата на ЦИВИЛ.

Теоретскиот дел на обуката ќе се одржи до 13:30 часот, а до 15:30 часот тие ќе бидат на терен, кога ќе се спроведе практичниот дел на обуката. Прилозите кои ќе се изработат во текот на практичната обука ќе влезат во конкуренција за наградите кои утре ќе бидат доделени.

фтхѕНа агендата е термин за дополнителна работа, преглед на материјали и менторство, од 15:30 до 17:30 часот. Во меѓувреме, ќе заседава и комисијата за доделување на награди на ЦИВИЛ. Овој дел од утрешната програма на ЦИВИЛ е затворена за јавност, односно ќе биде посветена само на учесниците на обуката, чии апликации се прифатени.

Во 18 часот ќе започне четвртата церемонија за доделување награди за граѓанско новинарство, отворена за јавноста.

Во текот на денот, ќе биде послужено кафе, освежителни пијалоци, закуска и колачи.


Обуката и церемонијата за доделување награди за граѓанско новинарство се дел од проектот „Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.