Здравевска: Преку граѓанското новинарство го искажувам својот револт и незадоволство кон институциите

Граѓанската новинарка, Јована Здравевска, вели дека преку граѓанското новинарство наоѓа простор да го искаже своето незадоволство или револт, односно може гласно и јавно да зборува за незадоволтвото кон институциите или системот.

„Би ја издвоила иницијативата на ЦИВИЛ, #БарамОдговор, каде граѓаните секој ден имат можност да поставуват прашања и да бараат одговори за теми и проблеми кои секојдневно не тангираат.

Секојдневно се кршат нашите или правата на другите граѓан(к)и и ако реагираме со тоа што ќе објавуваме фотографии, видеа, текстови… мислам дека и ќе ја подигнеме свеста на останатите граѓани, а со тоа (би) требало да ги активираме институциите да ги решаваат тие проблеми, и на државно и на локално ниво“, додава таа.

Здравевска потенцира дека граѓанските новинар(к)и преку детектирање на говорот на омраза и разоткривање на вистината може да се борат против лажните вести.

Дехран Муратов
Монтажа: Биљана Јордановска

This post is also available in: AlbanianEnglish