Кога ќе се одржат прес конференциите на ЦИВИЛ, МОСТ, ДИК и ОБСЕ/ОДИХР?

Утрешниот изборен ден за претседател на државата ќе го набљудуваат вкупно 3094 домашни набљудувачи и  708 меѓународни  набљудувачи и 13 странски новинари.

ЦИВИЛ -Центар за слобода ќе го отвори својот Изборен прес центар во 6:00 часот изутрина на 21 април (недела) во клуб Менада (Стара Чаршија, спроти Универзитетот ЈИЕ). Прес центарот ќе биде отворен до полноќ. Прес конференции со извештаи од набљудувачите на ЦИВИЛ на терен, ќе се организираат во 10, 12:30, 17:45 и 19:30 часот. ЦИВИЛ ќе одржи и две панел дискусии во 20 часот и во 21:30 часот. Исто така, граѓанките и граѓаните да доставуваат пријави, информации или да поставуваат прашања на онлајн формуларот www.slobodniizbori.infoФејсбук, по електронска пошта ([email protected]) или да се јават на 02 52 09 176.

Државанта изборна комисија денеска веќе одржа една прес конференција во 12 часот каде го презтираше текот на гласањето во странство, казнено поправните домови, лицата што се болни и немоќни и што се во куќен притвор. Денеска се гласа и во два старачки дома во Скопје. Втората прес конференција денеска ДИК ја закажа за 20 часот.

Утре ДИК ќе има 6 прес конференции. Првата прес конференција ќе се одржи во 10:30, па потоа следнуваат во 13:30, 15:30, 17:30 и во 19:00. Времето кога ќе започене последната прес конференција со следење на првичните резултати добиени по електронски пат во живо, ќе биде дополнително објавено.

Прес-конференција закажаа и ОБСЕ/ОДИХР што претседателските избори ги мониторираат со 195 набљудувачи и 187 преведувачи. Традиционално тие својот прелиминарен изветштај ќе го презентираат во понеделник, 22 април, во 15 часот, во Платинската конференциска сала во Хотел Хилтон, Скопје. Прес-конференцијата е отворена за сите, но ќе се одговара на прашања само од новинари.

Денеска на прес конференција Асоцијациата МОСТ ги најави своите утрешни прес конференции. Сите информации од нивниот мониторинг ќе ги објават на прес-конференции, кои ќе се одржат во 9, 11, 14 и 19 часот.

Б. Ј.