„Граѓански објектив“ во Тетово

ЦИВИЛ – Центар за слобода синоќа, на платото пред Домот на културата во центарот на  Тетово, организираше јавен настан на отворено, на тема „Граѓаните набљудуваат, снимаат, објавуваат“.

 

13221230_964536696998133_6954085333757552035_o

Тимот на ЦИВИЛ ги проектираше досега наградените трудови на граѓанските новинари во рамките на проектот „Граѓански објектив“. Граѓанките и граѓаните на Тетово, кои покажаа интерес и ги проследија видеата подготвени од граѓански новинари, имаа можност да се информираат за проектот и за условите за учество во месечните натпреварувачки циклуси во проектот.

Со музика, проекции и разговори, ЦИВИЛ успешно го промовираше граѓанското новинарство во овој град.

13235305_964541066997696_6282668720269001961_o

Пред присутните тетовчани, на албански јазик се обрати поддржувачот на ЦИВИЛ, Бехар Мемиши, кој зборуваше за проектот „Граѓански објектив“.

Јавни настани на отворено на тема „Граѓаните набљудуваат, снимаат, објавуваат”, ќе се одржат и во Скопје, Битола и во Струмица.

Граѓански објектив“ е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за долгорочно изборно набљудување. Овој проект ќе придонесе кон развој на граѓанското новинарство во земјата.

Општа цел на проектот е да се зајакне јавната свест за политичките процеси во контекст на претстојните избори и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси.

Намената на проектот е да се идентификуваат и обелоденат случаите на кршење на гласачкото право низ интерактивна и динамична активност, која ќе ги вклучи активистите за човекови права, медиумите и општата публика, со создавање и прибирање фотографски, видео, аудио и пишан материјал, кој ќе послужи како основа за понатамошно набљудување, анализа и известување за изборниот процес.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

Марија Теговска