Зурли и тапани за ослободување на Крсто Мукоски

Со зурли и тапани околу стотина граѓанки и граѓани протестираа пред ЕУ Инфо-центарот во Скопје, за ослободување од притвор на пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Атмосферата наликуваше како некоја свадба каде што сватовите дошле по невестата. Тие носеа маици со ликот на Мукоски и транспаренти во кои пишуваше „Слобода за Крсто“, „JeSuisKrsto“..., вели граѓанскиот новинар, кој сака да остане анонимен.

Пратеникот Мукоски е во притвор поради отварање на вратите на Собранието на 27 април, за да влезат насилниците.