Учествуваме, набљудуваме, известуваме!

„Учествуваме, набљудуваме, известуваме!“ е слоганот на новата серија регионални семинари за граѓанско новинарство кои ЦИВИЛ ги организира во третата година од спроведувањето на проектот „Граѓански објектив“.

Семинарот ќе се одржи на 18 ноември, во хотел Сити Парк, Скопје, од 11:30 до 18 часот.

Пријавувањето за учество на семинарот се врши по електронска пошта ([email protected]) со испраќање основни податоци на кандидатите (име и презиме, година на раѓање, телефонски број, адреса на живеење/престој) и кратко мотивациско писмо - до петок, 17 ноември. За повеќе информации, кандидатите може да се јават на 02/5209076. Право на учество имаат само кандидати од Скопје. Другите заинтересирани ќе имаат можност да учествуваат на наредните регионални семинари.

Проектот е посветен на транспарентни и одговорни политички процеси преку поддршка и популаризација на граѓанското новинарство. Граѓанското новинарство има исклучително значење во општеството како алатка преку која се поттикнува транспарентноста и одговорноста на институциите и носителите на одлуки на локално и национално ниво. Проектот, исто така, придонесува кон јакнењето на јавната свест, граѓанската едукација и активизмот на граѓанките и граѓаните кои се залагаат за почитување на човековите права, слободата на изразувањето, демократијата и слободните избори.

Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy.

This post is also available in: AlbanianEnglish