Во Тетово гласале 14 болни и изнемоштени, гласањето на затворениците е во тек

Во општина Тетово денеска гласале вкупно само 14 болни и изнемоштени лица кои биле посетени од тимовите на Државната изборна комисија.

Гласањето за оваа категорија граѓанки и граѓани е завршено, потврди за ЦИВИЛ Медиа, Артан Адеми од Општинската Изборна Комисија.

Во казнено поправниот дом во Тетово правото на глас според Адеми сè уште не го искористиле сите затвореници и таму гласачкото место е сè уште отворено.

ЦИВИЛ Тим за комуникации