Во пожар животот го загубија мајка и четири деца од Тетово

Изутринава во Тетово, околу 3:30, во стариот дел на градот, на улица „Гоце Делчев“ бр. 185, во трошната куќа на семејството Зулбеари, животот го изгубија мајка и четири деца, на возраст од 4 до 13 години.

Од разговорот со соседите најверојатно пожарот избил од неисправна инсталација и се проширил на двете соседни куќи.

Противпожарната служба ја повикал соседот чија куќа, исто така, била опфатена од пожарот. По повикот веднаш пристигнале, но немало можност да ги спасат бидејќи целата куќа веќе била опожарена. По гаснењето ги пронашле затрупани телата на мајката и четирите деца. Таткото не бил дома, работел како ноќен чувар.

„Дојдовме веднаш по повикот, но веќе беше доцна. Пожарот избил околу 3:30 часот наутро.  Се работи за стар дел од градот и тешко пристапен, но со оглед на теренот бргу стигнавме по повикот. По гасење на пожарот, жртвите ги најдовме под дрвената конструкција на куќата и кровот. Сега се чека увид да изврши екипата од Скопје. Телата на починатите сѐ уште се под руините на куќата“, изјави командирот на противпожарната служба, Ука Алити.

Во моментот екипа од Јавно обвинителство и лекар од Судска медицина, заедно со полицијата работат на терен, а пристапот до куќата е забранет.

Перо Наумовски

This post is also available in: English